Општина Струмица излезе со препораки за ограничено движење на најранливите категории граѓани и да се ослободат од работни обврски, да не се гори пилевина од иверици и други отпадни матријали како огревно дрво.

Градоначалникот Костадинов смета дека домаќинствата со користењето на материјали за загревање се најголемите загадувачи. Апелираше граѓаните да се приклучат на гасоводната мрежа како општина ќе субвенционира по 10 денари за потрошен кубен метар за што во Буџетот се планирани и пари за таа намена.

Активистот од „Здрава Котлина“ и советник Ѓорѓи Танушев смета дека потребни се зајакнати инспекциски контроли на терен. Да се проверуваат инсталациите на места каде се сомневаат дека се користи несоодветен материјал за загревање.

Освен Струмица, мерните станици на Министерството за животна средина синоќа покажаа високи концентрации на ПМ10 честички и во други градови во земјава заради што дел од општините веќе излегоа со конретни мерки и препораки кон граѓаните.