– Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство.
Сега и секогаш ќе бидам против сите видови насилство и ја давам мојата поддршка на сите активности со кои се подига јавната свест за спротивставување на насилството и ќе иницирам максимално почитување на човековите права – вели градоначалникот Костадин Костадинов, во својата објава на Фејсбук.
Струмица е меѓу првите Општини што се вклучија во имплементација на Законот за еднакви можности на мажите и жените усвоен во 2006 година.
Струмица финансиски го поддржува Шелтер центарот за згрижување на жени и деца жртви на семејно насилство.