Како Студентски отпор и како организација која максимално се залага за решавање на актуелните студентски прашања, цврсто стоиме зад ставот сумата на субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од сегашните незначителни 120 денари, кои во состојба на криза и инфлација, како и намален студентски стандард, се сосема недоволни за основна егзистенција на студентите, да се зголеми во 160денари.
Сумата од 140 денари е договорена нелегитимно со неколкумина студенти, без да бидат прашани сите студенти со што нема поддршка од сите засегнати страни.
Студентите не се изјаснија дека го прифаќаат ова решение !
140 денари се недоволни и тоа нема да го дозволиме !
Овој став е рефлексија на моменталната состојба на студентите во Република Македонија и неможноста целосно да се посветат на академскиот успех и нивната иднина во оваа држава поради долгогодишниот недостаток од основни ресурси.
Истовремено, бараме средба со сите пратенички групи од Собранието на Република Македонија на која повторно, сите заедно како студенти, ќе застанеме зад овој став и ќе им предочиме на надлежните дека основната егзистенција на студентот во Република Македонија не смее да биде запоставена.
Студентите се иднината на оваа држава, па така тие не смеат да бидат жртви на нефункционални системи и алчни функционери.
160 денари веднаш !