Пет недели по приемот на првата доза на вакцина за коронавирус, инфекцијата со ковид-19 е намалена за 80 проценти, приемот во болница е намален за 90 проценти, а смртните случаи се намалени за 95 проценти, покажува студија на научници од италијанскиот Национален институт за здравство.на примерок од 13,7 милиони вакцинирани лица.

Според агенцијата Анса, ова е прво вакво обемно истражување на земја членка на Европската унија за реалното влијание на имунизацијата врз текот на пандемијата, а анализирани се и податоците од почетокот на вакцинацијата на 27 декември минатата година до 3 мај .

Податоците покажаа дека моделот бил ист кај мажите и жените, без оглед на нивната возраст и дека ризикот од инфекција постепено се намалувал две недели по приемот на првата доза.

Од 13,7 милиони луѓе вклучени во студијата, 95 проценти ги добиле обете дози на Фајзер или модерна , а останатите пет проценти биле вакцинирани со Астразенека