Намалувањето на пресудата предизвика жестоки реакции
Случајот со убиството на Теодора, која беше прегазена од обвинетиот Пајазити, повторно ја разгневи јавноста по најновата судска одлука на Основниот суд во Тетово. Судијата Ељведин Ферати, кој го водел повтореното судење, изрече две години затвор за обвинетиот, иако претходно тој беше осуден на три и пол години. Оваа ромена покрена бурни реакции, особено откако се појавија сомнежи за интегритетот на судијата.
Судијата Ељведин Ферати под лупа, обвинет за пречкртување на оценки
Медиуми, меѓу кои и „СДК.мк“, потсетија дека судијата Ељведин Ферати е предмет на предистрага, поради наводи дека на Тетовскиот универзитет си сам си ги менувал оцените по право. Според Државниот просветен инспекторат, во септември минатата година биле утврдени неправилности поврзани со неговите студентски записи.
Овој случај го води Скопското јавно обвинителство, а бил откриен во рамки на широка ревизија што ја спроведувала Антикорупциската комисија, насочена кон проверка на дипломите и бројот на кредити кај повеќе факултети.
„Убиството на Теодора“ и минималната казна
Одлуката да се намали пресудата на две години затвор за убиството на Теодора е дополнителен удар врз семејството на жртвата. Многумина се прашуваат зошто првичната казна од три и пол години била речиси преполовена. Отворено е и прашањето дали постојат основи за сомнеж дека судијата постапил под влијание на надворешни фактори.
Организации за човекови права и граѓански активисти побараа детална истрага и транспарентен увид во причините за ваквата промена.
Во меѓувреме, предистрагата за пречкртуваните оценки продолжува.