Полицијата денеска во скопската општина Аеродром го уапсила З.П. (43), кој бил баран со судска наредба за издржување казна затвор од четири години. Наредбата ја издал Основниот кривичен суд Скопје поради кривичното дело „тешка телесна повреда“.
Според МВР, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода во 18:10 часот. Станува збор за кривично дело по член 131 од Кривичниот законик.
По апсењето, З.П. бил предаден во Полициската станица од општа надлежност Аеродром за понатамошна постапка.
