Судот го одобри барањето на Обвинителството и определи мерка притвор за 13 од 19-те лица вклучени во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, а приближно 190 беа повредени.
Во групата од 13 лица за кои е изречена мерка притвор е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши. За преостанатите шест лица одлуката ќе биде донесена во текот на денешниот ден.
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешниот министер Бектеши
Извор – ТЕЛМА