Тендерски сомнежи се потврдија
ВМРО-ДПМНЕ денес ја изнесе својата реакција по апсењето на Борче Марковски, сопственик на компанијата која во изминатите две години добила државни тендери вредни околу 200 милиони евра.
„Криминалот на СДС и договорените тендери со компанијата Марковски за кои ние многу говоревме излегоа дека се вистинити,“ истакна партијата.
Финансиската полиција го уапси Марковски поради сомнеж дека го оштетил државниот буџет за 100 милиони денари. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДС се обидува преку „купено и уценето судство“ да му овозможи на сопственикот куќен притвор.
„100 милиони денари е еднакво на куќен притвор. Тоа е нашето судство како пупка отворено од Заев, Филипче и СДС,“ стои во соопштението.
Потребни се реформи во судството
Партијата порачува дека ваквиот случај ја покажува потребата од темелни реформи во правосудниот систем.
„Наместо да ги казнува криминалците, судството им дава кураж на криминалците да продолжат со криминалот и да не одговараат. Реформи се повеќе од потребни во судството. Потребни е и правда и одговорност,“ порача ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, случајот со фирмата Марковски е потврда дека предупредувањата за местените тендери не биле без основа и оти партијата ќе продолжи да го следи развојот на настаните.