Судството и обвинителството како рак рака на Македонија. Законските решенија и вечните реформи не се лек за болеста наречена 3% граѓанска доверба, нашиша на социјалните мрежи Тања Каракамишева, редовен професор на катедрата по Уставно право и политички систем на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје.

ПИШУВА ТАЊА КАРАКАМИШЕВА

Судството и обвинителството како рак рака на Македонија
Законските решенија и вечните реформи не се лек за болеста наречена 3% граѓанска доверба.
Наместо дебати за вртење во круг предлагам:
📌 јакнење на институционалните капацитети за обезбедување внатрешна судска независност,
📌јакнење на капацитетите на телото за контрола на судската етика и на Здружението на судии,
📌засилена контрола врз работата на секој судија и обвинител од страна на Судскиот и Обвинителскиот совет кои треба сериозно да се реформираат,
📌стриктно почитување на Бангалорските принципи во судското однесување,
📌засилување на интегритетот на судиите и обвинителите и отстранување на поданичката култура,
📌”црни листи” за судиите и обвинителите кои работат неетички, неодговорно и противзаконско/ кривична одговорност,
📌целосна дигитализација на судските постапки со воведување “тракер” на предметите и можност секоја заинтересирана странка да има целосен увид за текот на предметот,
📌забрзување на постапките и целосна примена на судската пракса на ЕСЧП во системот.
Како за почеток, владеење на правото!