Полицијата се сомнева дека крадците биле добро информирани дека куќата ќе биде празна. Домаќините ги оставиле подарените пликови дома и заминале на забавата, каде било покането цело село. Во меѓувреме, крадеците се прикрале во куќата и ги зеле парите.
-Среде бел ден зедоа сè што младенците добија на подарок, но и парите што Д.М ги издвои за да плати за свадбата на синот, открил пријател на семејството за српските медиуми.
Kражбата била откриена кога дошло време трошиците да се платат.
-Не е можно некој од страна да го стори тоа. Кражбата е типувана, а можеби дури и направена, од некој што бил на венчавката. Тие знаеле каде се оставени пликовите со парите. Постојат индикации кој би можел да им го стори тоа на младенците, така што овој случај ќе се реши многу скоро, вели соговорникот.
Истрагата е во тек.