Полициски службеници од ОВР Кавадарци синоќа во 22 часот ја лишиле од слобода 41-годишната Д.П. од Кавадарци. Полицијата постапила по претходна пријава поднесена од нејзината 75-годишна свекрва.

Според пријавеното, кавадарчанката ѝ се заканувала на повозрасната жена во нејзиниот дом. Д.П. по настанот била задржана во полициска станица. За случајот бил известен и јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР.