Бројот на администрирани вакцини пак, е еден знак на оптимизам.
– Досега администрирани се околу 780 милиони вакцини во светот, изјави денеска претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.
Таа додаде дека се бележи значителен напредок во имунизацијата низ светот.
– И покрај фактот дека е постигнат значителен напредок во процесот на имунизација во 194 од вкупно 220 земји во светот, постои очигледна диспропорција во дистрибуцијата на вакцините на глобално ниво, рече Вујновиќ во интервју за ТАСС .
Исто така, Вујновиќ посочи дека повеќе од 87 проценти од употребените вакцини биле администрирани во богати или побогати земји, додека само околу 0,2 проценти од вкупниот број испорачани дози биле користени во сиромашните.