Авионот, еднокрилец „Робин ДР400″, бил пронајден околу 14:00 часот во поле близу комуната Сент Патуис.

Почната е судска истрага за утврдување на околностите околу инцидентот.

„Робин ДР400″ е дрвен спортски моноплан кој првпат полета во 1972 година, но продолжува да се произведува. Има шасија со три тркала и може да носи четири лица. Моделот се смета за релативно лесен за пилотирање. Исто така е многу тивок при лет благодарение на неговата дрвена рамка.