Кон крајот на мај, СЗО објави дека имињата на новите варијанти на САРС-КоВ-2 ќе ги користат буквите од грчката азбука. Употребата на грчки букви има за цел да помогне да се избегне практиката на именување на нови варијанти според нивното место на потекло, што според СЗО би можело да ги дискриминира земјите и териториите каде што по првпат е откриен одреден сој.
– Веројатно нема да имаме доволно грчки букви, но веќе ја разгледуваме следната серија имиња, изјави Ван Керхове за Телеграф.
Експертката на СЗО рече дека во случај 24 -те букви од грчката азбука да не се доволни, се разгледувала опцијата со имињата на античките грчки богови и божици, но таа веќе е отфрлена.
– Навистина ја разгледуваме опцијата за соѕвездија … Размислувавме за имиња на грчки богови или божици, но реков: Ве молам, не ме терајте да го кажувам ова јавно, призна техничката директорка на СЗО за Ковид-19.