Министрите за здравство од 194 членки на СЗО ќе се состанат во понеделник на тридневна специјална седница за да постигнат договор за зајакнување на капацитетите на агенцијата на ОН за справување со идните пандемии, откако СЗО беше многу критикувана за управување со кризата со Ковид-19.
САД ја повлекоа својата „црвена линија“ и засега не сакаат да прифатат правно обврзувачки договор, но ја поддржуваат идејата за договор, кој ја има поддршката и од Бразил и Индија, додаваат дипломатите.
Генералниот директор на СЗО го одобри пактот.
Европската унија силно се залага за договор кој подразбира цврсти обврски, во кој има поддршка од 70 земји, вели европски дипломат.
Кина учествува во преговорите и засега не се противи на договорот.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус го одобри пактот и верува дека земјите можат да се согласат дека има потреба од обврзувачки документ.
Во светот, повеќе од 5,5 милиони луѓе починаа од избувнувањето на новиот коронавирус SARS-CoV-2 кон крајот на 2019 година во Вухан, Кина.
СЗО потсетува дека Кина се уште не споделила некои од раните податоци поврзани со избувнувањето на пандемијата, кои би можелое да го откријат потеклото на вирусот, пишува „Index.hr“.