Третманот во САД доби итно одобрување, откако привлече внимание кога се користеше минатата година за лекување на тогашниот претседател Доналд Трамп кога беше заразен со коронавирусот.
Терапијата во моментов се разгледува во Европа, додека Британија ја одобри минатиот месец.
Во посебно соопштение, СЗО ја повика американската компанија „Регенерон“ да ги намали цените и да го дистрибуира третманот подеднакво низ целиот свет, особено во земјите со низок и среден приход.
Други компании исто така се повикани да ја пренесат технологијата за да помогнат во развојот на слични третмани.