Потребни се уште 16 милијарди долари за да им се помогне на земјите со ниски приходи да се справат со пандемијата со Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО со средствата треба да се обезбедат вакцини, тестови и лекови според програмата на ОН. Износот може да се искористи и за складирање на 600 милиони дози вакцини, купување 700 милиони тестови и за лекување на 120 милиони пациенти.

– Науката ни даде алатки за борба против Ковид-19, ако тие бидат солидарно споделени на глобално ниво, годинава можеме да ставиме крај на Ковид-19 како глобална вонредна состојба, изјави директорот на Тедрос Аданом Гебрејсус.

Според проценките на ОН, 92 отсто од средствата треба да се обезбедат од Европска Унија и од Г-20.