Владата донесе пакет мерки кои се задоцнети, а резултатите кои се очекуваат од нив нема да ги ублажат последиците од кризата.
Алијаса за Албанците ќе ги поддржи измените на законите кои денеска треба да се гласаат во Собрание затоа што се од интерес на граѓаните, но тоа не значи дека Владата презела вистински чекори и успешно ја менаџира кризата, вели актуелниот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, Д-р. Арбен Таравари.
Државната каса е веќе погодена од низа кризи и неефикасно менаџирање со јавните финасии, од кои оргомен дел се искористени за потребите на политичките партии кои ја водат Владата, додава Таравари.

Лидер: Владата донесе 26 мерки и препораки, меѓу кои ваучери за храна, без ДДВ за основни производи, намалени акцизи за горива како би се ублажиле последиците од кризата. Дали овие мерки според вас навистина ќе му помогнат на граѓанинот на кој секој денар му е преброен?

-Овој пакет на мерки е задоцнет, доста комплициран и имајќи ја предвид јачината на кризата мислам дека се недоволни особено за нејзините граѓани но да бидеме реални и за компаниите!
Велиме задоцнети зато што владата не завзема навремени чекори за да ја подобри состојбата со државните резерви.

Лидер: Цените вртоглаво растат. Горивата го достигаат својот историски маскимум. Владата ја намалува стапката на ДДВ од 18 % на 10 % при промет на енергентите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан. Целта е со оваа мерка според Ковачевски е да се заштити куповната моќ на крајните потрошувачи – граѓаните и земјоделците кои купуваат во мал обем. Со ова, рече Ковачевски, практично се намалува цената на енергентите за граѓаните. За оваа мерка потребни се законски измени. Дали Алијаса за Албанците ќе ги поддржи овие измени?

-Ние ќе ја подржиме секоја мерка која има за цел да им помогне на граѓаните, впрочем тоа и го направивме со сите 6 пакети антиковид мерки иако со дел од нив не се согласувавме и имавме и наши предлози, кои за жал владата не прифати ниту еден од нив!
Владата не е искрена кога вели дека се грижи за граѓаните, затоа што сериозна влада која знае да ја води државаат однапред размислува и делува за “црните денови“. Ние сите сме сведоци дека домашното производство на електрична енергија е на најниско историско ниво! Значи владата не превземала никакви чекори за зголеување на тоа производство! Во оваа смисла дури имавме и огромен скандал со “крадење“ на струја од нашата страна во европската енергетска мрежа.
Ад хок мерките се од денес за утре и не овозможуваат ефикасно справување со одредена криза, туку минимален придонес со големи трошоци! Значи крајно неефикасно!

Лидер: Во каква кондиција ќе биде државната каса по спроведување на овие мерки, и дали по нив државата ќе има можност за други интервенции со оглед на тоа дека кризите ќе траат?

-Државната каса е веќе погодена од низа кризи и неефикасно менаџирање со јавните финасии. Јавниот долг секој ден расте и достигна скоро на 65% од БДП, од друга страна не ги гледаме ефектите.
Владата во име на економската криза се задолжи 1,2 милијарди евра, додека Државниот завод за статистика објави дека финасиските импликации од кризата изнедуваат 313 милиони евра! Каде отидоа другите пари? Значи се работи за енормно неефикасно користење на јавните пари, односно јавните пари се во функција на потребите на политичките партии кои ја водат владата. За ова ве повикувам да ја видите структурата на јавните расходи по последните три буџети!

Лидер: Дали Алијанса има свои предлог мерки кои би биле најдобро решение за граѓаните ?

-Ние дадовме наши предлози, намалување на акцизите и ДДВ за нафтените деривати. Мислам дека треба да постапиме како Хрватска, Србија, Бугарија и други европски земји кои ги замрзнаа цените на одредени производи.