Тројца жители на Тетово се лишени од слобода откако полицијата забележала обид за предавање бела прашкаста материја, при што еден од осомничените нападнал полициски службеник и се обидел да му го одземе службеното оружје.

На 19 август 2026 година во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Ш.Б. (62), С.Х. (41) и Р.Ѓ. (44), сите од Тетово.

Според информациите од полицијата, службениците забележале како Ш.Б. се обидува да предаде бела прашкаста материја на С.Х. и Р.Ѓ., кои биле во патничко возило „Сеат Ибица“.

При обидот да биде спречен, Ш.Б. физички нападнал полициски службеник и се обидел да му го одземе службеното оружје.

Во инцидентот учествувал и неговиот син С.Х., кој исто така физички ги нападнал полициските службеници.

Во меѓувреме, Р.Ѓ., кој го управувал возилото, побегнал од местото на настанот. Тој подоцна бил пронајден и лишен од слобода, а возилото било одземено.

Тројцата се задржани во полициска станица. По целосното документирање на случајот, полицијата најави дека ќе следува соодветен поднесок.