Татко ќе одговара кривично бидејќи лажно го пријавил неговиот син, обвинувајќи го за тешка кражба од 100 илјади евра.

МВР соопшти дека секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово поднело кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.

„Пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата и заминале со возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки. М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата“, се вели во соопштението од Министерството.