Обвинетиот Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, доби неколку прашања од судот во поглед на обвинението кое му се става на товар. Најпрво, се интересираше како биле обезбедувани снимките со видео записите на кои се гледаат движењата на двете возила „циторен“ и „рено кангу“, со кои било извршено киднапирањето. Потоа, објасни и како украдениот „цитроен“ за него станало сомнително. Медиумот Скопје1 интегрално го објави разговорот.
Судијата Ивица Стефановски: Може ли да кажете кога Гоце дојде кај вас?
Обвинет Александар Ѓорчевски: На 28-ми во вторникот, утрината.
Судијата Ивица Стефановски: Кога ги земавте камерите од околните објекти?
Обвинет Александар Ѓорчевски: Во понеделникот никој не ни излезе во пресрет, не ни даде снимки. Во вторникот почнавме да ги прибираме снимките со тоа што од фризиерницата директно на мобилниот телефон од газдарицата да ги гледаме. Утредента ги земавме на мемори-стикче, па тоа што го видовме на мобилниот со поубава резолуција го разгледаме на десктоп-компјутер. Јас обезбедив камера, од самото ќоше на раскрсницата од улицата Наум Наумовски-Борче со Орце Николов, приметив дека има камери на кафулето Синдикат, кои се свртени кон раскрсницата, каде што би требало Вања да помине, влегов во кафулето и замолив вработените да ме поврзат со газдата, кога им објаснив за што се работи, тој без двоумење ми ги прати снимките. Зорица (мајката на Вања) обезбеди камера од седиштето на Окта на улица Партизанска, исто во средата, јас отидов да го земам стикчето. Во вибер-групата од родителите добив снимки од штедилницата Папилон спроти пазарчето Буњаковец. Тие се тие четири камери.
Судијата Ивица Стефановски: Кажете ми, кога сфативте дека Вања не отишла до Фитнес хаус пешки туку со возило?
Обвинет Александар Ѓорчевски: Веднаш беше јасно дека за толку кратко не може да стаса од аголот кај екс ресторанот Мечос до Фитнес хаус, споредувајќи ја нејзината локација каде последно емитува ‘Гугл мапс’, односно според сигналот кој го емитува нејзиниот телефон, што го споредивме со времето кога таа излегла од дома, односно скршнување од вообичаената рута кон училиште на самото ќоше кај ‘Мечос’.
Судијата Ивица Стефановски: Како утврдивте од толку возила кои поминваат тој период, дека ова возило ‘Цитроен’ е сомнително?
Обвинет Александар Ѓорчевски: Јас според времето каде е последен пат евидентирана кај Фитнес хаус, беше 07.37 минути и ја даваше офлајн (исклучена). Зорица ми кажа дека Вања излегла околу 07.23/24 минути. Откако утврдивме дека пешки не се појавува во вторникот, се фокусиравме на возилата. Ги прегледувавме снимките од многу порано, но фокусот беше на тие 3,4 минути, од кај 07.28 минути до 07.33 минути. Зависно како ќе го пуштат семафорот, така налет доаѓаа 4-5 возила наеднаш, а тоа што беше приметливо кај ‘цитроенот’ беше што се движеше бавно, исфрлаше густ чад од ауспухот, што навестуваше дека е тазе запалено возилото, целото беше замаглено, хаубата му беше замрзната, делуваше како да тргнало од непосредна локација од близина некаде, тука негде од пред зградата. Се движеше поразично од другите возила.
Судијата Ивица Стефановски: Како поразилично?
Обвинет Александар Ѓорчевски: Како сите други возила да имаа крајна дестинација и цел, а ова се движеше полека, како изгубено, се движеше полека.
Судијата Ивица Стефановски: На која апликација ја пративте пораката на телефонот на Вања откако е грабната?
Обвинет Александар Ѓорчевски: СМС порака пратив на нејзиниот мобилен телефон. Две покраки беа.
Судијата Ивица Стефановски: Во колку часот ги пративте?
Обвинет Александар Ѓорчевски: Можеби во 13 часот на пладне, можеби 12-13 часот попладне, веќе почнаа инспекторите доаѓаа. Не се сеќавам навистина, страшно бевме избезумени, во конфузија.
Судијата Ивица Стефановски: Значи не ја пративте на апликација?
Обвинет Александар Ѓорчевски: Не, СМС пораки беа тоа.
Судијата Ивица Стефановски: Со каква содржина беа пораките?
Обвинет Александар Ѓорчевски: ‘Се што ќе побарате, се ќе побараме’, и ја пуштив пораката. Подоцна ми текна да испратам уште една порака која гласеше: ‘Од родителите’. Со надеж дека ќе го вклучат мобилниот телефон и пораката веднаш ќе им се појави.
Со ова, заврши испитувањето на обвинетиот Ѓорчевски.