Во Институтот за судска медицина и криминалистика се извршени обдукција на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Од Јавното обвинителство велат дека извештаите за наодите не се готови. Нејзината насилна смрт и времето на смртта треба да се утврдат со обдукција. Во текот на денот се очекува и кривичната пријава од МВР, која предистрагата ја претвори во службена истрага. Овие извештаи ќе бидат клучни за истрагата и објаснувањето на случајот. На четворицата осомничени, штипјанецот Влатко Кешишов, Велибор Манев, Боре Видоевски и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој вчера беше изведен во Кривичниот суд и првично беше осуден на 48 часовен притвор, ќе им биде предложен 30-дневен притвор.
Љупчо Палевски Палчо, првоосомничениот и убиец е во бегство и под истрага. По него вчера беше распишана меѓународна потерница.
На предлог на Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и Љ.П., му определи мерка притвор во траење од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, поради опасност од бегство и попречувања на кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори делото. соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.
-Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело. Соопштија денеска од Основен Кривичен суд Скопје.
По истражната наредба и барањето за притвор, останатите осомничени денеска ќе се појават пред судија во Кривичниот суд на претходна постапка. Сите осомничени се во истражниот затвор во Шуто Оризари, а таткото на Вања попладнево беше на распит кај обвинителот.
Во близина на Скопје и Велес биле лоцирани телата на Вања и Панче. И девојката и момчето од Велеша биле пријавени за исчезнати во полиција. Иако не се поврзани, МВР и Обвинителството ги сомничат истите лица за нивно киднапирање и убиство.
Определен 48-часовен притвор за таткото на Вања Ѓорчевска
Вања била киднапирана од влезот на нејзината станбена зграда во Скопје Центар рано на 27 ноември кога заминала на училиште, информираат од Министерството за внатрешни работи. Со врзани нозе и раце, Вања била ставена во возилото цитроен, чиј сопственик бил веќе убиениот Жежовски. Вања била однесена надвор од Скопје во Бразда, каде што биле убиена и закопана, а возилото било опожарено. Тројца осомничени ја признаа вината, соопштија од обвинителството, а таткото на Вања ја оспори во првичната изјава, но обвинителот Бубевски истакна дека имаат докази. Тие рекоа дека личниот интерес и користољубие ги поттикнало убиствата, што довело до убиството на на Вања во паника од откривање и лишување од слобода.
Вања Ѓорчевска, 14-годишната девојка што беше брутално убиена, денес е погребана на градските гробишта во Бутел.