Спрегата помеѓу СДСМ и судството фунцконира одлично. Тоа најдобро се виде денеска во случајот „Топлик. За судот нема ништо спорно што вештакот на Обвинителството Борис Тунџев е финансиер е на СДСМ а неговата ќерка Катерина е на советничката листа на СДСМ во општина Карпош за локалните избори, пишува Република.
На ова одбраната на Јанакиески имаше многу приговори кои за судот беа неприфатливи.
„Тунџев не само што се јавува како финансиер на СДСМ во 2016 годинатуку е и донатор и во годишниот извештај на донатори за 2019 година.Има и извештај каде во друг предмет каде при ист ваковслучај, судечкиот совет не го прифатил вештачењето на вештото лице. Работниот однос кај оштетениот е основ за изземање, а основ за изземање е бидејќи неговата непристрасност и објективност е доведена во прашање. Сметам дека основани се барсњата и основот за изземање на Тунџев” вели адокатот Сања Алексиќ.
Но судот остана на својот став.
-Не постојат основи за изземање на вештакот, судот смета дека тој е независен -изјави судијата Осман Шабани.
Aдвокатот Еленко Миланов смета дека Тунџев е неподобен да биде вештак.
-Спорен е и изборот на овој вештак кој го направи судот по предлог на Обвинителство. Кога суд определува вештак законот предвидува да се направи во присуство на двете странки по случаен избор. Овој избор е извршен надвор од сите законски постапки-смета Миланов.