Тензии во Белград.  Илјадници демонстранти, главно студенти, се собираат во Белград пред најавениот антивладин митинг што ќе се одржи утре. Протестите се очекува да бидат меѓу најголемите во последните години. Да претставуваат сериозен тест за властите во Србија.

Премиерот во заминување, Милош Вучевиќ, кој веќе поднесе оставка поради протестите, предупреди дека ќе користи сила за да ги потисне демонстрациите. Во исто време, српскиот претседател Александар Вучиќ изрази загриженост за потенцијално насилство, заканувајќи се со апсења за сите кои ќе предизвикаат инциденти. Вучиќ апелираше за мирно одржување на протестите, нагласувајќи дека државата ќе преземе сите мерки за обезбедување на редот.

Александар Вучиќ предупредува: Студентскиот протест може да ескалира во насилство – трактори, камења и вреќи по улиците, се очекува 80 илјади луѓе

Митингот, кој ќе биде поддржан од широки групи на опозиција и граѓански активисти, ќе биде фокусиран на настаните кои се случија на железничката станица во Нови Сад, каде што во ноември загинаа 15 лица. Протестите се насочени против корупцијата и владините пропусти, а со нив се бара и одговорност за трагичната несреќа.

Во центарот на Белград се присутни и приврзаници на Вучиќ, што создава дополнителни тензии. Во исто време, полицијата извршила апсења на шест активисти од опозицијата, под сомнение дека подготвувале акции против уставниот поредок. Српската православна црква повика на мир и отфрлање на насилството.

Протестите се очекува да привлечат голем број на учесници и да претставуваат сериозен предизвик за политичката ситуација во земјата.

Извор: Република