– На 19.12.2021 во 01.20 во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа затвор К’шање било пријавено настанала физичка пресметка помеѓу две лица кои издржувале затворски казни. Полициски службеници извршиле увид и било утврдено дека Б.А.(24) од Скопје физички го нападнал Ј.А.(22) од Скопје, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.