Едно лице е тешко повредено, а уште две се здобиле со повреди во тепачка во штала во селото Арнакија, скопско, откако бил нарушен јавниот ред и мир поради претходно нерасчистени имотно-правни односи, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот бил пријавен вчера, 14 декември 2025 година, околу 14:15 часот во СВР Скопје. Според пријавата, во пресметката учествувале М.З. (24), Л.З. (21) и Р.З. (59) од една страна и А.З. (63), С.З. (30) и Б.З. (35) од друга страна, при што биле употребени и тврди предмети.

Во тепачката, со тешки телесни повреди се здобил Р.З., додека повреди имаат и М.З. и Б.З. Повредените биле пренесени и згрижени во Градската општа болница „8 Септември“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Тепачка во штала во селото Арнакија