Тешка сообраќајна несреќа утрово се случила на влезот во Скопје, односно кај Белви, каде што дошло до судир помеѓу неколку автомобили и автобус.
Според првичните информации, во несреќата има повредени лица, а на местото на настанот интервенирала екипа на Брза помош.
Најверојатно од силината на ударот, едно од возилата се свртело и удрило во заштитната ограда покрај патот.
На коловозот се расфрлани и делови од возилата кои учествувале во несреќата.
ФОТО: Скопје1
