Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопје, кај крстосницата која се наоѓа кај Собранието и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, при што, според првичните информации, повредени се две лица.
Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристингала на местото на несреќата и им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман.
Според очевидци, возилата се движеле со голема брзина пред да дојде до силниот судир.
На терен интервенира и полицијата, која врши увид и го регулира сообраќајот.
