Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во центарот на Скопје, кај крстосницата која се наоѓа кај Собранието и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, при што, според првичните информации, повредени се две лица.

Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристингала на местото на несреќата и им укажала прва помош на повредените, по што тие биле пренесени во болница за понатамошен третман.

Во судирот учествувале две патнички возила, кои се видно оштетени, а од силината на ударот бил урнат и семафорот на крстосницата.

Според очевидци, возилата се движеле со голема брзина пред да дојде до силниот судир.

На терен интервенира и полицијата, која врши увид и го регулира сообраќајот.