На 25.07.2022 во 02.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, на крстосница со локален пат за с.Синичане, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(29) од с.Синичане и патничко возило „опел зафира“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(43) од с.Камењане.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а со телесни повреди се здобиле две сопатнички од возилото „опел корса“, И.Р.(26) и Ф.А.(19), двете од с.Синичане, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.