Три лица се повредени во тешка сообраќајна нсреќа која се случила вчера околу 14.40 часот на регионалниот пат Р-1205, во близина на место викано „Лезовска чешма“ во Пробиштип.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „опел омега“, со пробиштипски регистарски ознаки, управувана од Р.П.(61) од Пробиштип, „опел вектра“, со бугарска национална ознака управувана од Љ.Н.(41) од Пробиштип и „опел корса“, со кочански регистарски ознаки, управувана од С.С.(42) од Кочани.
-Во несреќата Љ.Н. и Р.П. се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот од возилото „опел омега“, И.С.(50) од с.Неокази, пробиштипско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница-Штип, информира МВР.
Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип.