Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 15.30 часот во СВР Скопје.
-Полициски службеници излегле на местото и извршиле разговор со Д.В., кој изјавил дека околу 15.00 часот, додека извршувал работни задачи на објект во изградба на подрачје на Центар, се лизнал и паднал од висина, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен трудов инспектор.