Градежен работник на возраст од 65 години се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово додека извршувал работни задачи. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што му била укажана лекарска помош.
Случајот бил пријавен на 21 јули 2026 година во 17 часот во СВР Куманово од лекар од Итната медицинска помош. Според пријавата, во нивната служба со тешки телесни повреди бил донесен С.Т. од Куманово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот
