Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 62-годишен струмичанец, осомничен дека силувал дете, помладо од 15 години, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 15 јули 2026 година, пријавениот во семејната куќа извршил обљуба врз малолетничка. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, против 62-годишниот А.С. од струмичко е поднесена кривична пријава“ соопштија од полицијата.

Од Министерството за внатрешни работи не соопштуваат повеќе детали за случајот, а за натамошната постапка ќе одлучува надлежното јавно обвинителство.

Преземено од Слободен Печат