На 19.03.2021 околу 21,00 часот на регионалниот пат Виница – с.Смојмирово, на место викано „Блатечка крстосница“ – атар на с.Блатец, патничко возило „лада рива“ со винички регистарски ознаки, управувано од С.С.(20) од с. Лаки, виничко, излетало од коловозот, информира МВР.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот С.С., констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила извршила увидна екипа од Полициската станица Виница.