– Вчера во 15:30 часот во атарот на село Јаргулица, Радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле 23 лица – мигранти од Пакистан. Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка, се наведува во ссопштението на Министерството.