На 09.05.2023 во 21:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(27) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(44) од Скопје и пешакот А.Д.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.