Во текот на вчерашниот ден утрото во 9 часот лицето Т.С. (58) од Тетово пријавило дека во населбата во околината на Тетово, односно во Деребој од резервоар на товарно моторно возило „МАН“ била крадена нафта. Камионот бил на тетовски регистарски таблички.
Екипа од СВР Тетово извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.