– Од друга страна победата ја имаме резервирано за кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, а тоа е еден до кандидатите за Тетово, кој ќе биде победник на изборите, а тоа ќе биде господинот Вулнет Вејсели. Тоа е и обврска наша, бидејќи на Тетово му е потребно да се спаси од оваа владејачка партија која владее долго време. И која на ниеден начин о нема подобрено животот на граѓаните на Тетово, туку напротив. Успешна и коректна кампања, мирни и демократски избори. Имаме богата програма како коалиција, добри и квалитетни кандидати, праведни, кои мислат да ја градат иднината во оваа држава, почнувајќи секој од општина во која живее, од каде доаѓа. Нашата платформа е „пастер“ што значи „чисто“, тоа подразбира чиста средина, тоа подразбира чист воздух, тоа подразбира чисти кандидати за градоначалници, тоа подразбира чисто работење без корупција, без мито, а тоа значи и чиста победа на нашата коалиција, истакна Зијадин Села.
Кандидатот за градоначалник Вулнет Вејсели рече дека очекува да има мирни и демократски избори, а најави скоро претставување на програмата за Тетово.