– Претставници од Клиничка болница велат дека освен што има болни од Ковид лица над 18 години, исто така, веќе има и точки низ регионот каде што има и заболени деца. Така ние веќе го имаме пикот и сметаме дека во овие три недели децата треба да бидат надвор од тие движења и да стопираме можни инфекции. После три недели да се вратат со физичко присуство. Бараме и другите оштини да не поддржат, бројките зборуваат дека тука сме сите, изјави Теута Арифи по денешната средба на општинскиот кризен штаб.

Таа порача дека како општина ќе бараат сите вработени во образовните установи да се вакцинираат или да се тестираат на секои три дена.

– Ние како штаб за Тетово ќе ги конторлираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ние ќе го спровеме, поради здравје на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето.Како што се прави тестирање за шетање така и за школо ќе се прави, изјави Арифи.

Според Теута Арифи во тетовскиот регион воведување карантин не е опција туку масовната вакцинација како начин за надминување на пандемијата.