На 11.03.2026 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ и ул.„Трајко Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
