Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Вила Водно беше примен од претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Тошковски најпрво и ја честиташе победата на изборите и и посака успешен мандат во кој, како што рече, ќе биде заштитник на државните интереси.
На средбата поразговаравме и за предизвиците со кои сме соочени како држава и заклучивме дека не чека многу работа и во тој контекст потребно е да имаме партнерски однос сè со цел да изградиме едно општество каде основниот принцип ќе биде владеењето на правото, а со тоа Македонија ќе стане подобро и просперитетно место за живеење за сите граѓани, изјави министерот Тошковски.