Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски за „Република“ појаснува зошто оние граѓани кои на денот на изборите нема да имаат важечка лична нема да можат да можат да остварат своето гласачко право со пасош со старото име, иако патната исправа има важечки рок.
–Гласањето со пасош со старото име не е во спротивност на Договорот од Преспа, но е кршење на Законот за патни исправи. Таму е наведено дека не важат после 12.2 2024 година.Затоа инсистирав во Собрание да се донесат измените на овој закон-објаснува министерот Тошковски за „Република“.
Тој вчера откри дека има околу 100.000 граѓани кои нема да можат да го остварат своето гласачко но и уставно право и оти ова класичен изборен инженеринг.