Гласањето во Брвеница почнало денеска во 7 часот наутро и се одвива без пријавени проблеми или тешкотии при остварувањето на избирачкото право, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Според досегашните информации доставени до Комисијата, од 88 болни или немоќни лица своето право на глас го оствариле 85.
Од деветте лица запишани во Избирачкиот список кои издржуваат затворска казна или се во притвор, досега гласале седум. Гласањето за нив се спроведува во казнено-поправни установи во Скопје, Штип и Тетово.
