Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека е распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во Диско клубот Пулс во Кочани, кој синоќа однесе 59 животи, од кои 35 се идентификувани, а дополнилтени 155 лица се повредени. Тој откри дека меѓу жртвите е и еден полицаец, кој загинал при контрола за наркотици и психотропни супстанции, додека МВР и Обвинителството работат на обезбедување документација и детали за причините на трагедијата.

Панче Тошковски: Потерница и истрага за пожарот

Панче Тошковски на прес-конференција ги објави првичните информации за жртвите.

„До 11:30 часот, според податоците на надлежните, во пожарот во Кочани загинале 59 лица, од кои 35 се идентификувани. Од нив, 31 се од Кочани, а четири од Штип. До 12:00 часот, 155 лица се повредени и хоспитализирани во болниците низ државата“, изјави Тошковски.

Тој потврди дека е распишана потерница.

„МВР, во соработка со Јавното обвинителство, распиша централна потерница за четири лица поврзани со пожарот во дискотеката. Во моментов се обезбедува документација од Министерството за економија за Диско клубот Пулс и за лицата поврзани со него“, додаде министерот.

На прашање за осомничените, тој остана воздржан.

„Во овој момент не можам да дадам повеѐ детали за четирите лица за кои е издадена потерница“, рече тој.

Загуба на полицаец

Министерот соопшти и трагична вест за загубата на колега.

„За време на пожарот во кочанската дискотека загина еден полицаец, кој вршеше контрола за наркотици и недозволени психотропни супстанции“, откри Тошковски.

Тој вети дека повеќе детали за истрагата и трагедијата ќе бидат објавени во текот на денот.