Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски се надева, но не очекува да се изгласаат измените на Законот за патни исправи со кој треба да се продолжи рокот до крајот на годината.
Тој смета дека пратениците од власта не знаат што е приоритет на граѓаните и повеќе се грижат за интересите на Грција отколку на сопствената земја.
Тие се толку неписмени. Врз основа на кои аргументи и факти го бранат ставот дека ќе се повредел Договорот од Преспа. Слушнавте некој аргумент. Грција и грчките функционери се борат за грчките интереси. И тука немаме проблем. Ние имаме проблем што овие полтрониве кои се нарекуваат дека се борат во името на Македонија, но се борат за секој еден граѓанин на светот освен за Македонците, вели Тошковски во интервјуто за „Република“.