На 10.07.2023 било пријавено дека покрај хидрофор од куќа во с.Василево, струмичко, бил пронајден починат Г.Г.(33).

Од страна на лекар од Општата болница Струмица била констатирана смрт, предизвикана од струен удар. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица, а телото на починатиот било дадено на семејството.