Припадници на Министерството за внатрешни работи во Врање, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Врање, го уапсија И.Ш. (1996) откако го убил педесетгодишниот сограѓанин Воислав С.
Тој е осомничен дека утрово во дворот на семејната куќа во Врање, по кратка расправија му нанел неколку удари на Воислав С., кој од здобиените повреди починал на самото место.
Поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство, по наредба на обвинителството, осомничениот е задржан во траење до 48 часа и со кривична пријава денеска ќе биде спроведен да даде исказ пред заменик-обвинителот.