Во близина на штипските градски гробишта утрово, бик нападнал човек, пренесува „ММС“. Очевидци на настанот за порталот велат дека од здобиените повреди човекот починал, а глетката била страотна.

Од полицијата го потврдуваат настанот, но бидејки се уште се врши увид на местото на инцидентот, деталите ќе бидат соопштени подоцна.