Здравко Трајанов, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница му се обрати на вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ и порача дека кабинетите се претворени во фудбалски игралишта, и целокупно кога ќе се погледне напредокот од изминатиот период излегува дека годината е повторена, објави Макфакс.
„Не можете да излезете од вашите удобни кабинети, доста ја злоупотребувате на ЕУ регулативата, не перете криминал преку тие можности на државата. Голема ви е устата отворена, ЕУ ЕУ интеграции, но кога ќе се погледнат оценките напредок нема, излегува дека сме изгубиле година, сме повториле година“, вели Трајанов.
На ова, се обрати вицепремиерот Маричиќ и му реплицираше дека шири лаги бидејќи според него факт е дека Македонија се движи во правилна насока.
„Демократијата и владеењето на правото постојано беа предизвикани особено со заробеноста на институциите како што се судските тела, регулаторни агенции и медиумите. Независните регулторни надгледувачки и советодавни тела не беа во можност да си ги бранат основните функции. Жалосно е на вакви страшни констатации да правите споредба со констатации од ваше време. Можете да зборувате колку сакате, факт е дека државата отиде напред, во изминатите шест години направивме многу. Апелирам да не ја пропуштите оваа шанса да дадете поддршка за ЕУ, бидејќи за НАТО ја пропуштивте“
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески додаде дека тоа што го изнел Маричиќ е сепак негова вистина, но дека народот на тие зборови не верува туку се работи само за еден скап ПР. Порача и дека тие не се движат само со телохранители, туку се појавуват и меѓу граѓаните.